iPhone 5S ќе дојде порано од очекуваното, вели Wall Street Journal повикувајќи се на извори блиски до Apple. Според изворите, овој нов телефон, кој ќе биде ист како петката, но со малку подобар хардвер, ќе се појави ова лето – по скоро една година од септември 2012-та кога Apple го претстави iPhone 5.
WSJ пишува дека Apple веќе разговара со своите партнери за започнување на производството на уредот. Новиот 5S можеби ќе има поразлична маска од претходникот, и можно е да видиме Apple да претстави маски со различни бои, иако, WSJ вели, тие планови се нејасни.
Според аналитичарите, трката на пазарот на паметни телефони се води околу иновации. За да бидеш прв ќе мора да направиш поголеми промени од конкурентните во дизајнот и перформансите. Додека се случи таква промена на уредите, ќе треба да се „водат традиционални бизнис имплементации како менаџирање на ресурсите и да се биде побрз од ривалите“. Ваквa традиционална бизнис стратегија видовме и кај Samsung, кој само пред две недели го претстави Samsung Galaxy S4 кој не се баш разликуваше од успешниот S3 освен во подобри перформанси.
Интересно, San Francisco Examiner пишува дека двата следни уреди од Apple – iPhone 5S и iPhone 6 – се веќе дизајнирани, и тоа од страна на покојниот Стив Џобс. Според весникот, Apple во моментов ја следи веќе поставената стратегија.







