Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, гласал „за“ на референдумот за легализација на марихуaна кој се одржа во 2012 година во американската сојузна држава Вашингтон. Г. Гејтс самиот не е обожавател на марихуаната, иако призна дека во 90-тиме има пробано трева и LSD, но вели дека легализацијата е ескперимент кој треба да се тестира.
„Станува збор за експеримент и најверојатно е добро да неколку држави да го испробаат пред да стане државна политика“, вели г. Гејтс за Buzzfeed.
Пред се г. Гејст е заинтересиран дали законот би имал позитивен ефект и колку Вашингтон ќе успее да го спроведе законот. Како филантроп и основач на Bill & Malinda Gates фондација, која се бори против разни болести во сиромашните држави, и за обезбедување на поздрав живот, г. Гејтс го интересира да види „дали ќе успееат да ја задржат надвор од рацете на малолетните? Дали ќе го намали користењето на алкохол? Дали ќе има луѓе кои ќе користат повеќе одошто е соодветно? Дали бандите ќе земаат помалку пари?“. Според неговото мислење, „шверцерите на марихуана ќе заработат помалку пари, а ќе се намалат и перверзните работи кои ја опкружуваат илегалната трговија со дрога“.








г. Гејст