0 коментари 2 мин. читање 23 јануари, 2014

Руските власти шпионирале стотици американски, европски и азиски компании, вели CrowdStrike

Руска владина агенција шпионирала стотици американски, европски и азиски компани, јавува компанијата за сајбер безбедност CrowdStrike. Ова е прв пат Русија да биде обвинета за сајбер напади за економска придобивка, иако неколку пати е обвинета за напади од кои би имале политичка придобивка. Зад нападот е хакерската група Energetic Bear, но според техничките индикатори безбедносните експерти на CrowdStrike се убедени дека зад групата стои некоја владина агенција.

„Се чини дека овие напади со мотивирани од интересите на Руската влада, да и помогне на индустријата да ја задржи компетитивноста во клучните области кои се од национален интерес“, вели Дмитри Алперович од CrowdStrike за Reuters.

Цел на напади се и прозводствени и градежни компании од САД, Европа и Блискиот Исток, како и здравствени компании од САД. Засега нема одговор од Руското министерство за внатрешни работи, иако се чини дека ако се покажат како вистинити овие напади нема да изненадат никого.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top