Биди кул, инвестирај во онлајн бизнис!

Avatar img-thumbnail img-circle

во Блог

Нормално, доколку имате доволно средства и сте во ситуација да поднесете финансиски ризици можете да ги сносите последиците на свој грб, дали тие биле позитивни или негативни… но што ако сте средношколец или студент кој нема доволно приходи и чија идеја бара навистина солидна поддршка, да речеме потребни ви се доста добри сервери кои би можеле да поднесат огромен сообраќај… сепак идејата ви е толку уникатна што постои огромен интерес за неа. Земање на кредит од банките не доаѓа во обзир, особено не со толку смешно високи камати.

Доколку сте во ваква ситуација и лоцирани во САД, најчесто практикуваното решение е да ги спакувате куферите и да отидете на месец-два престој во Калифорнија, или местото попознато како Силиконската долина каде што се лоцирани сите поголеми технолошки компании и луѓето со пари и интерест да инвестираат во нови технологии. Таму, трчате од врата на врата, барате состаноци со разни инвестоторски групи, компании и организации и доколку навистина имате нешто добро при рака, го добивате бараното… во замена за дел од компанијата, улога на некој од инвеститорите во менаџмент тимот или некоја друга финта со која ќе ги придобиете луѓето со пари.

Токму горенаведеното е сценариото со кое Марк Зукерберг успеа да ја добие првата инвестиција вредна пола милион долари во својата идеја од ко-основачот на PayPal, Петер Тиел, откако помина скоро два месеци претставувајќи го проектот на разни инвеститори во Пало Алто. Ова се одвиваше во 2004 година, пред некој од нас воопшто да слушне за Facebook, или The Facebook кој тогаш беше користен само од Зукерберг и неговите пријатели и колеги на Харвард, а благодарение на тие 500.000 долари Facebook денеска ни е опсесија.

Кај нас доколку имате добра идеја морате самите да се снајдете за да ја реализирате… да инвестирате лични пари, да ризикувате со банкарски кредити, или идејата да си ја заглавите во инкубаторот. Секако, може да се обидете со неколкуте присутни инвеститорски компании, кои се најчесто дел од некоја поголема мрежа на фондови и организации, но од тоа што го имам слушнато за нив тие најчесто а) не сакаат да си имаат работа со компании кои сеуште се само фикција б) мислат дека знаењето и шансите за успех се право пропорционални со возраста в) воопшто не размислуваат за инвестиции кои би зависеле од интернетот бидејќи се научени на офлајн бизниси и она традиционалното "не е бизнис ако нема нешто материјално да се купи и продаде."

Ве предизвикувам и да се обидете со тропање на вратата на едни од најпрофитабилните ИТ компании во земјата, да закажете состанок со директорите и да им побарате пари во вид на инвестиција за реализирање на идејата. :) Ова го пробав во неколку наврати на своја кожа и тоа со доста познати имиња во македонскиот ИКТ сектор, но само за да сфатам дека си имам работа со обични трговци кои е тешко да ги убедиш да се рекламираат на интернет а не пак да им побараш пари за онлајн проект. Секако, верувам дека има исклучоци… но досега лично не знам ниту за еден.

Практично, она што досега го имаме кај нас како инвеститори и фондови се "олд скул", во овој пост зборувам за оние покул инвеститори кои го разбираат потенцијалот на интернетот. :-)

Тој *модерен* начин на работа – доаѓање до инвестиции и поддршка на проекти, не е присутен и покрај тоа што се промовираме како земја на информатичари, најавуваме вардарска силиконска долина, создаваме нови ИТ факултети, трошиме пари на супер компјутери и слични авантури… Интересна беше најавата на МИО пред едно пола година – дека ќе поддржи 4-5 е-бизнис проекти, но еве сеуште нема никаква конкретна новост во врска со тој план, а според МИО идејата сеуште е во процес на подготовка. Претпоставувам побитни се проектите за донесување на супер компјутери во администрацијата кои ќе бидат корисни за?? А и ваквата поддршка не е она
за кое зборувам, потребни се вистински луѓе со свои пари, а не министерства со државни буџети.

Додека соседите разбраа како треба да се одвиваат работите и како се подобрува е-бизнис клима, ние сеуште стоиме во место и самите себе се брендираме како што ни одговара. Некој ќе каже каде најдов ваков пост да пишувам во вакви кризни економски времиња… но доколку технологијата не донесе промени, не знам кој би можел. Исто, не сакам воопшто да навлегувам во дискусија за тоа дали кај нас има луѓе со успешни компании или доволно средства кои би можеле да инвестираат во вакви ризични идеи и проекти, бидејќи верувам, т.е. знам дека има, но тие сеуште не сфатиле дека за да бидат кул треба да инвестираат во онлајн идеи!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Singular

Team Lead

Matrix Global

Fullstack Developer

Digilink Konsalting

Java Script Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk