Надополнето: Twitter ќе воведе премиум профили

во Веб

{mosimage}(26.03.2009) Популарниот сервис за микро-блогирање кој постојано е на насловните страни на медиумите ширум светот, изгледа како конечно да го пронајде својот бизнис модел: ќе понудат претплата за про корисници. Претплатените корисници ќе добијат дополнителни опции и сервиси. Ова е потврденo и од самата компанија.

Овој бизнис модел звучи одлично и со тоа ќе се избегне преплавување на сајтот со реклами и нарушување на едноставниот изглед. На ваков начин веќе неколку години работат успешно популарните сајтови како LinkedIn, Flickr, DeviantArt, а од пред некој ден ќе им се приклучи и Last.fm.

Секако дека успехот на Twitter со претплатата ќе зависи од какви дополнителни сервиси за ќе развијат за про корисниците. Она што недостасува на сервисот според мене е подобра аналитика на своите постови, постовите од луѓето кои ги следите, прегледувања на профилот, најпопуларни твитови и сл. Исто така интересно би било да се развие и алатка за полесно следење на трендовите или пак следење на постовите поврзани со одреден бренд или компанија.

{mosimage}

Цената на претплата и дополнителните услуги сеуште не се потврдени, но според гласините претплатата би требало да биде помеѓу 10-20$ месечено, што и не е толку мала. Но оправдувањето е дека активни ќе останат и понатаму бесплатните профили кои секој може да ги користи.

Eден од основачите на Twitter, Биз Стоун, нагласи дека целта на овој бизнис модел ќе бидат компаниите кои го користат сервисот. Тој додава и дека компанијата најмила продукт менаџер чија задача ќе биде да ги развие тие екстра услуги.

Надополнување 28.03.2009:
Откако се објави официјалната вест за воведување на претплата на Twitter, корисниците преку неколку популарни сајтови почнаа да ги изразуваат своите желби за она што тие би сакале да го видат како дополнителни услуги за кои би се плаќало.

Иаку ко-основачот Стоун изјави дека најверојатно премиум услугите ќе бидат: верификација и потврдување на идентитетот на профилот, аналитика и изнаоѓање начини за промовирање на бизнисите на Twitter… кај корисниците сепак поактуелни беа предлозите:

  • Премиум профилите да имаат малку подолги пораки, од 140 на 160 карактери
  • Неограничен пристап до API платформата на сервисот за микро-блогирање (Twitter сега го ограничува бројот на барања испратени во еден час кон API-то)
  • Автоматско бришење на "полумртви" следбеници кои се немаат логирано во последниот месец
  • Подобар пристап и помалку технички проблеми (про корисниците да пристапуваат до сервисот преку посебни сервери)
  • Гаранција дека нивните твитови ќе бидат достапни засекогаш и нивно подобро организирање



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments