Надополнето: Ако нема реклами, има претплата

во Веб

{mosimage}(25.03.2009) Last.fm, популарната друштвена мрежа за музика или попозната како онлајн радио, се реши на сите интернационални корисници кои не се од САД, Велика Британија или Германија, да има наплаќа претплата за да го користат радиото. Причина за ова како што велат од Last.fm е дека тие всушност заработуваат од рекламите во трите земји кои ги споменав, додека во сите останати земји корисниците ги добиваат услугите бесплатно.

Ова е интересен потег на популарниот сајт кој има регистрирано 30 милиони корисници. Музичката индустрија си бара дел од приходот што се случува на интернет. Нормално како се зголемува бројот на корисници и со тоа бројот на песните и радијата, така се зголемуваат и трошоците кон музичката индустрија. Зошто само 3 држави т.е тие што се рекламираат да ги сносат трошоците?

„Тоа се земјите [САД, Британија, Германија] во кои имаме најмногу ресурси за да одржуваме организација со профит од реклами, така и ги заработуваме парите за да ги платиме музичарите и дискографските куќи за нивната музика“ рече Матју Огле во коментар на Wired.

{mosimage}

Претплатата е 3 евра за месец. Меѓутоа ова е само за радио сервисот на Last.fm, додека сите други како биографии, настани, видеа, препораки ќе останат бесплатни како до сега. Ќе има и проба од 30 песни за да видат корисниците дали ќе им се допадне сервисот.

Па дали би платиле претплата?

Надополнување 31.03.2009:
Поради негативната реакцијата на корисниците за претплата од 3 евра за сите интернационални корисници која беше објавена претходната недела, Last.fm дојде во ситуација да предложи различни начини на плаќање и да ја одложи одлуката за воведување на претплатата.

„Интернетот е глобален, и географските рестрикции се нефер, но тоа е реалноста со која се соочуваме секој ден кога ги менаџираме лиценците за музика“ пишуваат на блогот на Last.Fm напоменувајќи дека нема да се откажат од нивниот план, но сега се бараат начини за алтернативни начини на плаќање на претплатата. Ова е главно да им се угоди на корисниците кои немаат кредитна картичка или можност за плаќање преку PayPal.

Еве какви се алтернативите на Last.Fm:

  • Подарување на претплата, може да купите претплата за пријател
  • Radio API апликацијата ќе може да се користи и од трета-страна, преку која ќе има пристап до целосното радио на Last.Fm
  • Плаќање преку СМС и некои други опции во земјите каде PayPal не фунцкионира или воопшто го нема, пример: Mакедонија.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments