Google спрема сервис за групно купување
Google наскоро ќе го претстави Google Offers, сервис за групно купување налик на Groupon, кој пред некој месец одби да се продаде на Google за 6 милијарди долари.
Google наскоро ќе го претстави Google Offers, сервис за групно купување налик на Groupon, кој пред некој месец одби да се продаде на Google за 6 милијарди долари.
Facebook без некоја најава стартуваше опција коментарите да се прикажуваат во реално време. Коментарите се прикажуваат во стримот за вести или на профилите во момент на објавувањето, без потреба да се кликне Refresh на страната, налик на чет. Овие коментари е сличан со опцијата на FriendFeed друштвената мрежа која Facebook ја купи пред подолго време.
Skype Toolbar додатокот за сите верзии на Firefox е деактивиран заради успорување на прелистувачот. Според Mozilla, во последната недела дена имало 40.000 срушувања на прелистувачот токму поради овој тулбар. Иако ова е проблем со тулбарот, Mozilla вели дека „просто кажано, на корисниците може да им се причини дека Firefox e спор.“
Според грешка во iOS 4.3 Beta 2 која прикажува PHOTOSTREAM_NO_NETWORK_WIFI порака, Gizmodo и 9to5 Mac откриваат дека Apple спрема нов сервис за споделување фотографии со пријателите, налик на споделувањето фотографии на Facebook, кое најверојатно ќе се појави со новиот iPhone 5 и iPad 2.
Му аплаудираме на Google за промената која е позитивен чекор за слободниот софтвер, неговите корисници и сите кои го користат Вебот, вели Слободен софтвер фондацијата коментирајќи за одлуката на Google да ја прекине поддршката за H.264 видео кодекот во Chrome прелистувачот, и да продолжи да го користи WebM проектот, во борбата на прифаќање на стандард за видео енкодирање. WebM е поддржан од Opera и Mozilla, додека H.264 е прифатен од Apple и Microsoft.
HTML5 како најголема промена на HTML си доби свое лого кое беше дизајнирано како „значка за гордост и дух на отворената платформа“, да покаже дека стои како центар на технолошкото движење, дека е центар на модерните трендови, меѓу кои се и интернет пародиите.
Сите млади, креативни и иновативни луѓе до 35 години ќе можат да приложат свој бизнис план за било каква идеја, вклучувајќи и ИТ идеи за апликации, веб сервиси и стартапи, по што ќе имаат шанса да добијат дел од 21.000 евра вредниот награден фонд, на Националниот натпревар за бизнис план.
Наскоро Марко Чаласан ќе патува во Цирих, кај Google, за да го презентира својот проект за пренесување на HD видео преку послаби мрежи, проект преку кој ќе понуди ИТ лекции за училиштата во Македонија; кога би избирал меѓу Бил Гејтс и Стив Балмер, двата директори на Microsoft, би го одбрал Гејтс, но сепак за Балмер вели „кога дојде тој, се е ново“; направил и крак за Nero, но родителите го спречиле да го објави на интернет бидејќи нели сепак краковите не се легални, а за ИТ наградата за личност на годината на .мк сцената, десетгодишниот Марко вели дека „навистина сум горд и им благодарам на сите“.
<Надополнето> Од 12 март Facebook ќе го замени Static FBML, кој се користеше за креирање странични или воведни табови на фан страните, и наместо него ќе користи iFrames. Со iFrame администраторите ќе можат да ги користат HTML, Javascript и CSS технологиите за додавање на содржина на фан страните. </надополнување>
Се чини дека Kinect на Microsoft, уредот кој ги следи движењата на тело кое служи како контролор, не е врзан само за видео игрите, туку има доста поинтересни примени доколку се искористи (читај: хакне) правилно.
Тим биоинженери од Стендфорд универзитетот направија реална Pac-mecium игра, во која корисниците можат да контролираа едноклеточните микроорганизми со обичен гејминг џоистик кој ја „контролира поларностa на слабо електрично поло кое е врз течната комора, што влијае врз движењето на парамециумот".
Во исчекување на
Зборувајќи за конкуренцијата во пазарот на таблет компјутерите, Тим Кук, COO на Apple кој ќе ја води компанијата додека Стив Џобс e на боледување, објасни дека конкуренцијата може да се подели во две кошни: Windows-базираните таблет компјутери кои се „тешки, скапи, со слаба батерија“ и Android таблет компјутерите кои се само поголеми паметни телефони, што, според него, е „бизарен“ модел.
Аpple ги искористи празниците и се уште несоодветната конкуренција за да генерира рекорден 26.7 милијарди долари приход во првото фискално тромесечје, заклучно со 25 декември, од кои 6 милијарди се профит, генерирани од продажбите на Mac, iPhone и iPad. Ова е 78% зголемен приход споредено со ланската година.
Дали се сеќавате на причината поради која ставивте Интернет на домашниот компјутер? Што ве заинтересира од глобалната мрежа, што очекувавте? Ова е интересна тема на форумот каде форумџиите ги споделија својот прв контакт со Интернет. За Hijack Hackеr при првото отварање на страната на Google „бледо го гледав, незнаев од каде да почнам, и што воопшто да правам“.
DownThemAll е популарен Firefox додаток, односно менаџер за полесно и побрзо симнување на слики, линкови, видеа и текст од сајтови кој има околу 2.2 милиони дневни корисници. DownThemAll помага да се симнуваат елементите без страв дека симнувањето ќе се прекине, односно има опции за паузирање и подоцна продолжување на симнувањето.
По повод 10-тиот роденден на енциклопедијата, интерактивната агенција JESS3, продолжувајќи го својот серијал „Состојбата на...“, направи видео за состојбата на Wikipedia кое е презентирано од основачот на енциклопедијата Џими Велс. Видеото е за почетокот на Wikipedia, т.е. Nupedia, за достигнувањата на ециклопедијата и како трудот околу Wikipedia треба сега да се фокусира, надвор од западните земји, кон земјите во развој.
Светскиот концорзиум за Веб (W3C) го претстави новото лого за HTML5, новиот верзија на oписниот јазик за креирање веб апликации и страни - HTML (кој до сега немаше лого).
Купување преку интернет учествува само со 1% од трансакциите преку електронски картички, кои се 8-10 отсто од вкупниот промет во државата, вели Министерството за информатичко општество повикувајќи се на извештајот на USAID.
Дизајнерот Елиот Вудс го хакна Kinect, новиот гејминг уред на Microsoft, и користејќи ја неговата камаре и видео проектор успеа да направи визуелна симулација на огнена топка, проширувајќи ја реалноста.