Avatar photo

IT.mk редакција

4.603 написи активност: 03/2008 - 09/2026

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Мобилни

Импресии, фотки и презентациите од првиот .мк Mobile Monday

Позитивни импресии, срамежлива-за-дискусија публика, добри примери на успешни апликации и проблеми со микрофонот... сé на се, првиот македонски Mobile Monday беше интересен настан кој ги собра мобилните ентузијасти и програмери да дискутираат за како се развива .мк пазарот, да се чујат примери за успешни апликации и да се види како понатаму во развојот на истите.

0 коментари Прочитај 10 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Софтвер

Microsoft се вмеша околу Skype, се очекуваат вести наскоро?

Microsoft, Google, Facebook... сите три гиганти се кандидати или да го купат Skype или, што е поверојатно, да инвестираат и да започнат сериозна соработка со VoIP сервисот. Ова се во моментот шпекулациите кои кружат низ Интернет, започнувајќи со Reuters кој според извори блиски до компанијата вели дека Skype е во преговори со Facebook и Google, и сега продолжувајќи со GigaOm кој вели дека и Microsoft е вмешан во целата ситуација и дека треба да се очекуваат детали наскоро.

0 коментари Прочитај 9 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Google го стартува Business Photos

Google започнува интересна идеја да понуди бесплатно фотографирање на локалните бизниси, како ресторани, хотели, продавници, канцеларии... и истите слики да се искористат во Google Places профилот на бизнисите и на Street View и Google Мaps.

0 коментари Прочитај 9 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Google тестира нова страна за резултати од пребарувањето

Некои корисници, кои се во случајниот тест избор, ќе можат да приметат дека страната со резултати на Google има нов изглед, односно ќе видат попразна страна со повеќе простор меѓу линковите од резултати каде истите се со минимални информации. Поради повеќе празното место, сега има и помалку резултати на една страна. Можеби конечно Google ќе не натера да прегледаме повеќе од една-две страни од резултатите.

0 коментари Прочитај 9 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Прв твит од врвот на Монт Еверест

Еден од најуспешните британски алпинисти Кентон Кул со помош на 3G конекција успеа да сврти повик и да го прати првиот твит од врвот на Монт Еверест, највисокиот врв во светот.

0 коментари Прочитај 6 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook ќе ги плаќа корисниците да гледаат реклами

Друштвената мрежа преку DealSpot програмата ќе ги наградува корисниците со виртуелната валута Credits по прегледана брендирана реклама која претежно ќе се појавува преку разните игри. На корисниците ќе им бидат давани меѓу 1 и 10 Credits за прегледувањaта. Десет Credits се 1 долар, но само ако ги купувате, заработените Credits можат да се потрошат само на Facebook апликации.

0 коментари Прочитај 6 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

Apple објави закрпа на проблемот со собирање на локации

По контроверзното откритие дека iOS уредите складираат огромни количества информации за корисничката локација, соберени преку мобилните репетитори и Wi-Fi мрежите, Apple објави закрпа за сите iOS уреди.

1 коментар Прочитај 5 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Mac OS X Lion ќе е достапен преку App Store

Наместо физички копии, новиот, закажан за летово, оперативен систем за Mac - Lion ќе се дистрибуира преку Mac App Store продавницата за десктоп апликации. Apple ќе понуди и физички дискови за луѓе со послаба конекција, како што велат изворите на AppleInsider.

0 коментари Прочитај 5 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

T-mobile постави 300 hotspot точки низ цела Македонија

Македонски телеком постави Hotspot безжичен интернет пристап низ 300 локација ширум македонија како дел од проектот „Интернет насекаде“.

13 коментари Прочитај 4 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Нови детали за Windows Store за апликации

Се очекува со Windows 8 да се стартува и Windows Store, продавницата за апликации која според италијанскиот Windows8Italia блог ќе има неколку интересни можности.

0 коментари Прочитај 4 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

Надополнето: Facebook одговори на критиките од Асанж

<Надополнето:> Facebook остро реагираше на критиките од основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж, кој рече дека дека Facebook може да биде притиснат од законот кој е во корист на американските разузнавачки служби.

3 коментари Прочитај 4 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Тwitter го купи TweetDeck за меѓу 40 и 50 милиони долари

Според TechCrunch, Тwitter го купи популарниот клиент за твитање TweetDeck за меѓу 40 и 50 милиони долари. TweetDeck е Аdobe Air апликација со која може да се организира следењето на стримот со твитови, како и креирање листи со следбеници за полесно следење на што се случува на сервисот за микро-блогирање во 140 карактери.

0 коментари Прочитај 3 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи ИТ.МК

Највлијателните твитерџии во .мк и регионот, анализа на @varagic

Darko156, Sead93, Natalija, Kuzevski, Ribaro, Moondowner, Zuberot, Twibi, Kapsarovb, Martinmarkovski, Lacialec и Jofemk се највлијателните македонски твитерџии според анализата на влијателниот српски блогер и онлајн стратегист Драган Варагиќ.

0 коментари Прочитај 3 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Викимедија Македонија реагира на Отчетот на ВМРО-ДПМНE

Соопштение од Викимедиа Македонија: Во “Отчетот за работење на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 2006-2011” , во делот што се однесува на проектите кои оваа Влада ги спровела во рамките на информатичкото општество се наведува и проектот “Зголемување на македонските содржини на Википедија” (стр. 171). Иако го поздравуваме овој проект, по извесни реакции и недоумици во јавноста во врска со изнесените податоци, би сакале да укажеме на некои, се надеваме, ненамерни пропусти и недоречености.

7 коментари Прочитај 3 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

Sony откри дека имало уште едно пробивање, 25 мил. профили се украдени

Sony призна дека покрај нападите на 16-17-ти aприл кога беше пробиена Playstation Network, имало уште еден напад на Sony Online Entertainment (SEO) корисниците. Sony вели дека се украдени податоци од 24.6 милиони профили, како и податоци од постара дата база од 2007-ма. Украдените податоци биле12.700 броеви со не-американски кредитни картички и нивен датум на истекување, но не и нивните безбедносни кодови, додека имало 10.700 дебитни картички од корисници од Австрија, Германија, Холандија и Шпанија.

1 коментар Прочитај 3 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер Хак-атак/Приватност

Прв поглед на Norton Internet Security 2012 Beta

Како Norton корисник решив да ја пробам новата верзија на Internet Security 2012, пишува Александар а.к.а. Pipelin на форумот објавувајќи кратка рецензија за новиот антивирус. Norton е еден од најпопуларните и најфалените антивируси како на форумот на It.com.mk така и според разни тестови.

2 коментари Прочитај 3 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

2.2 мил. кредитни картички од PlayStation Network се на продажба

Се споменува на internets дека има 2.2 милиони податоци за укредени кредитни картички достапни за купување. Украдените податоци се од PlayStation Network мрежата која неодамна беше пробиена и беа компромитирани личните податоци на околу 70 милиони корисници.

0 коментари Прочитај 29 април, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Достапен Chrome 11 со внесување на говор преку HTML

Google објави нова единаеста стабилна верзија на својот прелистувач Chrome која овојпат доаѓа со опцијата за внесување на говор преку HTML. Пример, може да се преведе тоа што ќе му го кажете на Google Translate со кликање на микрофонот во долниот ќош. Моментално оваа опција е само за преведување од англиски на друг јазик, и иако е забавна сепак ќе треба мала прецизност во изговарањето.

0 коментари Прочитај 28 април, 2011
Мени
Заедница
Изглед