Apple излезе со официјален став во врска со тврдењата дека украдените слики на холивудските ѕвезди се од iCloud. Компанијата негира пробивање на облакот, но обелодени дека: дел од профилите на славните актерки се пробиени со фишинг техника, со кој хакерите ги дознале корисничките имиња, лозинките и одговорите на „безбедносните прашања“.
„По повеќе од 40 часа истражување, откривме дека нападите врз холивудските ѕвезди се дел од многу фокусиран напад, на кориснички имиња, лозинки и безбедносните прашања, пракса која е се почеста на Интернет. Ниту еден од случаите кои ги истраживме не доаѓа поради пробивање на системите на Apple вклучувајќи ги тука iCloud и Find my iPhone. Продолжуваме со соработката со полицијата додека не ги откриеме криминалците.“
Сепак Apple ги советуваше своите корисници да користат сложени лозинки и активирање на двојната авторизација за iCloud. Apple советува и користење на апликации како 1Password, кој креираат лозинки по случаен избор.







