0 коментари 2 мин. читање 2 септември, 2014

Аpple ги откри топ 10-те причини зошто одбива апликации

Една причина зошто App Store на Apple е успешна продавница е што апликациите мора да добијат одобрување. За разлика од Google Play каде се објавува се и сешто, Apple има строги правила кои бара девеполерите да ги почитуваат ако сакаат нивната апликација да се најде во продавницата. Но, до сега беше мистерија зошто се одбивани некои апликации.

За да им помогне на девелоперите да „разберат за критериумите за техничките детали, содржини и дизајн“, Apple ги објави најчестите причини зошто одбива апликации. Тоа што е важно за Apple е апликацијата да нема грешки, да нема погрешни линкови и да има чист дизајн. На дури 14 апликации им недостасуваат дополнителни информации, и често се случува апликациите кои не се доработени или се во изработка да бидат одбиени. Aпликациите мора да бидат подготвени за реклами, и рекламите да се прикажуваат без грешки. На кратко, Apple е сериозен кога сака да га задржи стандардот на својата продавница, па ако сакате да објавите iOS апликација, тогаш таа треба да биде совршена.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top