Пристигна новиот MacBook Pro и новите M1 Pro и M1 Max процесори

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Image courtesy of Apple

По повеќе генерации на MacBook Pro кои беа речиси единствено редовна надградба на хардверот, Apple конечно претстави значителна надградба на MacBook Pro.

Промените на MacBook започнаа со минатата генерација со која Apple за првпат го претстави својот M1 процесор специјално дизајниран за MacBook. Најголемата промена на MacBook започнува и завршува со надградбата на тој процесор и новите M1 Pro и M1 Max.

M1 Pro и M1 Max супер моќни

M1 Pro е следната генерација на SoC од Apple специјално креиран за новите MaxBook Pro компјутери. Новите процесори се креирана за корисниците кои имаат потреба од уште подобри перформанси, а според најавата М1 Pro има 70% подобри перформанси на процесорот и двапати подобри графички перформанси на процесорот.

Сепак М1 Pro е само еден дел од „приказната“. Apple овојпат претстави два нови процесори, а вториот M1 Max е уште помоќен. M1 Max треба да има 2 пати подобри перформанси на графичкиот процесор во споредба со M1 Pro.

М1 Pro

Двата процесори се изработени со ист 5 nm процес. Процесорот е десет јадрен, 8 јадра се со високи перформанси и 2 се енергетски ефикасни јадра. Процесорот на М1 Pro е со 33,7 милијарди транзистори, а на M1 Max со 57 милијарди транзистори што е најголема бројка за процесор на Apple.

Графичкиот процесот е 16 јадрен во случајот на M1-Pro и 32-јадрен во M1 Max. Голема надградба има и кај ширината на меморискиот интерфејс кој е 200 Gbps кај M1 Pro и 400 Gbps кај M1 Max (Овој канал го користат процесорот и графичкиот процесор). M1 Pro има простор за максимум 32 GB RAM, а М1 Max за 64 GB RAM. Веќе вообичаено за речиси сите производители меморијата која доаѓа со компјутерот не се надградува во иднина.

Објавени се неколку конфигурациите на процесорот кои ќе доаѓа на новиот MacBook Pro. Основниот модел доаѓа со 8-јадрен процесор, 14-јадрен графички процесор и 16 GB меморија; стандардниот модел доаѓа со 10-јадрен процесор, 16-јадрен графички процесор и 16 GB меморија; Засега единствениот модел на M1 Max е со 10- јадрен процесор, 32-јадрен графички процесор и 32 GB меморија.

M1 Max

M1 Pro и M1 Max се значително подобри од стандардните процесори на конкурентните лаптопи. Сепак и покрај моќта на графичката картичка која доаѓа во процесорот, за сите кои бараат најдобри перформанси изборот на лаптоп со моќна дискретна картичка и натаму е подобар од MacBook Pro. Жртва во случајот е потрошувачката. М1 процесорите се значително поштедливи кога електричната енергија е во прашање, па речиси и да нема разлика дали лаптопот е вклучен во струја или работи со батерија. За конкурентните лаптопи перформансите се значително намалени ако лаптопот е на батерија, и трошат многу повеќе електрична енергија.

Пристигнаа и новите MacBook Pro компјутери

Во моментов Apple има 5 различни модели на  MacBook Pro кои доаѓаат со новите процесори. Новите процесори доаѓаат на 14 и 16-инчните верзии на MacBook Pro. Од петте модели кои се достапни во продажба само еден доаѓа со M1 Max процесорот. Останатите се со повеќе конфигурации на М1 Pro. Она што е интересно е дека нема модел со 64 GB RAM, иако M1 Max поддржува 64 GB меморија.

Карактеристичен и најлесно забележлив е „забот“ на горниот дел од екранот. Како и кај паметните телефони за да искористи што е можно поголем дел од просторот Apple остави екранот да има помала рамка и остави дел за камера кој одзема мал простор од екранот. Производителот се „збогува“ и со дисплеј-лентата која беше замена за копчињата и ги врати физичките копчиња.

Една од деловите на хардвер на кои без сомневање не им беше потребна преголема надградба е дисплејот. Сепак сега за прв пат моделите доаѓаат со Liquid Retina XDR дисплеј. Осветленоста на екранот е 1000 nits и 1600 nits максимална осветленост, контрастот е со сооднос 1 000 000 : 1.

Компјутерите доаѓаат со 3 Thunderbolt 4 порти, SDXC слот за картичка, HDMI порта за приклучување на екран и приклучок за слушалки. Новите MacBook Pro модели доаѓаат со 1080p FaceTime HD камера, покрај подобриот квалитет на камерата, за конечниот квалитет на видеото, придонесуваат и image signal processor (ISP) и Neural Engine на новиот процесот, тие во реално време ја обработуваат сликата за поголема острина и за бои кои изгледаат поприродно. Надградба има и на аудио-системот за кои Apple вели дека е најквалитетен систем на било кој ноутбук.

Можеби најважната надградба покрај самиот процесор е направена на macOS Monterey. Оперативниот систем сега е оптимизиран за новите процесори. Автоматски за сите апликации се распределуваат процесите во зависност од тоа колку се „тешки“ како процес се распределуваат по јадрата. Ова овозможува исклучително брзи, но и енергетски ефикасни перформанси. Според Apple батеријата ќе трае 17 часа помеѓу полнењето. Сепак за овој податок нема никакви дополнителни информации, ниту за што може да завршите во тој период, ниту за осветлувањето на екранот на пример.

Она што е очекувано без сомневање е високата цена на уредите кои и натаму се помеѓу најскапите. Најевтиниот модел со 8-јадрен процесор и 14-јадрен графички процесор на M1 Pro и 512GB SSD чини 2000 долари. Најскапиот модел и досега единствениот со M1 Max чини 3500 долари

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] минатиот месец Apple претстави два но…. Компанијата […]

trackback

[…] средина на минатиот месец Apple претстави два нови MacBook Pro компјутери. Компанијата тогаш се пофали дека М1 процесорот е […]

trackback

[…] post Пристигна новио&… appeared first on […]