Apple Music пристига на 30 јуни во 100 земји, но ентузијазмот кој корисниците го имаат за сервисот, сепак има еден мал недостаток споредено со зад конкурентите. Стримовите на Apple Music ќе бидат од 256 kbps, што е стандард за iTunes, но конкурентите користат 320 kbps што гарантира многу подобар квалитет на звукот. Spotify, Google Play Music, но и Beats кој сега е дел од Apple ги стримаат своите песни со 320 kbps, вели The Next Web.
Една од причините поради која Apple се реши за овој битрејт е што за iTunes не добива забелешки за квалитетот на музиката. Иако 320 kbps е со поголем квалитет, корисниците или не се грижат или не ја забежуваат разликата. Сепак овојпат конкуренцијата е поголема, а повисокиот битрејт може да биде една од причините кои ќе одврати дел од потенцијалните корисници да се откажат од сервисот.
Од друга страна, за 256 kbps е потребен помал интернет сообраќај, ова не само што ќе овозможи заштеда на Apple, туку и стрим во поголем број на држави кои можеби би имале проблем со лош интернет. Со оглед на тоа дека сервисот ќе биде достапен во повеќе од 100 држави, ова можеби е прифатлив компромис.







