Facebook ја претстави својата Place Tips технологија, која овозможува бизнисите да испраќаат нотификации и апдејти до корисниците кога ќе бидат во близина на нивните објекти. Станува за бесплатни Bluetooth уреди кои Facebook ги испраќа кај секој бизнис што ќе им ги побара. Но, иако тестовите во Њујрок се покажаа за успешни, сепак во моментов Place Tips функционира единствено со производите на Apple.
На хартија уредот изгледа одлично – секојпат кога Facebook корисник ќе се приближи до продавница или ресторан, уредот го детектира и испраќа релеванти податоци до корисникот, на пример постови на пријатели, закажани настани (Event) или промоции.
Идејата зад Place Tips е одлична за промоција на продавници, ресторани, театри или кино сали, но имплемантацијата на технологијата ќе биде клучна. Премногу нотификации би биле интрузија за корисниците, доколку Facebook успее да пронајде решение за ова и корисниците и продавниците би можеле да имаат придобивки. Тоа што сепак може да биде проблем е преголемата здодевност на нотификациите. На пример доколку во локација со куп продавници, трговски центар или слично најголем дел од продавниците и локалите употребуваат Place Tips, телефонот наеднаш ќе започне со стотици нотификации. Со оглед на тоа дека социјалната мрежа има куп корисници, а овие локации се посетени, шопингот во иднина би можел да заличи на „пошта“ или корисниците би ги изгасиле нотификациите со што и Place Tips би станал речиси бескорисен.







