Apple извести корисници од 92 држави дека се цели на таргетирани напади

На 10 април, Apple испрати известување до корисници на iPhone во 92 држави дека се потенцијална цел на таргетирани напади. Листата на држави не е објавена, но Индија е една од државите во кои се нападнати дел од сопствениците на iPhone.

Во предупредувањето кое го испраќа до корисниците компанијата објаснува дека не станува збор за случаен избор, туку „цел на напад сте поради тоа што сте или тоа што го правите“, додавајќи дека се прилично сигурни за нападот.

Photo: Apple via PCMag

Во минатото компанијата ги опишуваше овие напади како „напади поддржани од држави“. Од овој напад компанијата ги опишува како „платенички напади со шпионски софтвер“ (mercenary spyware attacks). Причината за менувањето на името се притисоците од индиските државни претставници, пишува Reuters. Индиската опозиција ја обвинува Владата на премиерот Нарендра Моди за постојани обиди за напад врз нивните телефони.

Овие напади се ретки и нивните мети се одбрани. Најчесто сумите за овие напади се во милиони долари, а цел е мала група на точно одредени луѓе. Пропустите кои се користат и софтверот се исти насекаде, но нарачателот на нападите не е. Нападите ги нарачуваат држави кои ги бираат и целите за нападите.

Жртвите најчесто не може да знаат дека се следени. За преземање на контрола и кражба на податоци не е потребна никаква интеракција со жртвите. Pegasus на пример може да преземе контрола преку една испратена порака.

Компанијата објаснува дека цели на овие напади најчесто се мали групи на корисници, вообичаено новинари, активисти, политичари и дипломати. За нападите се користи софистициран софтвер како Pegasus од NSO или Predator на Cytrox. Најчесто нападите се прават од држави, поддржани од компании кои го развиваат софтверот, пишува Apple.

 Високата цена, софистицираноста и глобалната природа на нападите со платенички шпионски софтвер (mercenary spyware) ги прават едни од најнапредните дигитални закани што постојат денес. Како резултат на тоа, Apple не ги припишува нападите на, или известувањата за заканите кои произлегуваат од нив, на специфични напаѓачи или географски региони.

Кога Apple е во прашање компанијата има долгогодишен спор со креаторот на Pegasus, израелската компанија NSO. На крајот на 2021 година, Apple ги тужеше NSO во обид да ја намали злоупотребата на шпионски софтвер платен од државите. Овој спор продолжува и во 2024 година. Во јануари 2024 судот го одби барањето на NSO за отфрлање на случајот во САД и негово префрлање во Израел.

Од 2021 година до сега компанијата известила сопственици на iPhone во 150 држави од целиот свет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk