WebPlatform.org е нов сајт поддржан од најголемите компании од Силициумската долина: Apple, Adobe, Facebook, Mozilla, Google, Microsoft, Opera и Nokia, кој има цел да служи како извор за информации за сите нови веб стандарди како HTML5 и CSS3.
„Сајтот е почетна точка за идни големи работи. Целта на овој сајт е да биде место за одговори за најсложените и наједноставните прашања во врска со развивањето на веб сервиси и веб дизајни на Отворена Веб Платформа.“, се вели во блогот.
Веб консортиумот W3C вели дека на сајтот може да се најде и статусот на посебни технологии, стандардизации и имплементација меѓу веб прелистувачите. Сите документи и туторијали на сајтот се доставени од членови на големите компании, развивачите, како и посетители на сајтот и ентузијастите. Текстовите се лиценцирани под Creative Commons лиценци.
[youtube]Ug6XAw6hzaw[/youtube]








Добро де, изгледа веќе му се смачило да ја гледа истата грешка over and over again.
Добро де, и мене исто :)
И добро де, знам. И мојот коментар ќе беше уште подобар ако немаше толку „добро де“ во него :)
Добро бе, уште не научивте дека е „Силициумска долина“ а не „силиконска“?
Силициум (Silicon) е материјал од кој се прават повеќето полупроводнички елементи со кои се изградени транзисторите од кои е составен процесорот.
Силиконот (Silicone), пак, од друга страна, се користи во козметичката хирургија…
Ти благодарам на коментарот. Ќе беше многу подобар ако не почнуваше со „добро бе“.