Microsoft по грешка побара од Google да ги цензурира BBC, TechCrunch и Wikipedia

во Веб

Microsoft по грешка испрати автоматски барања за „прекршување на авторски права“ до Google да ги тргне сајтовите на BBC, TechCrunch, Wikipedia, Huffington Post и други релевантни медиуми, од резултатите на пребарувањето. Дел од познатите сајтови не беа тргнати бидејќи Google има „бела листа“ со домени на доверливи сајтови. Но, некои други не-толку-познати сајтови како AMC Theatres и RealClearPolitics беа тргнати од резултатите на Google.

„Еден од проблемите е што многу сопственици на правата користат комплетно автоматски системи да го информираат Google и другите сајтови за злоупотреба. Тие автоматски алатки не се секогаш најдобро решение како што се илустрира со неодомнешнoто DMCA барање до Google пратено од Microsoft.“, пишува TorrentFreak.

Грешката на Microsoft е навистина чудна. Kомпанијата се обидела да спречи нелегална дистрибуција на Windows 8 Beta, но поголемиот дел од сајтовите на листата немаат никаква врска со Windows 8, но имаат поврзаност со тоа што секој од тие сајтови има референца за бројот „45“. Пример, URL на BBC води кон текст за “45-ти ден од носење на Олимпискиот факел“, а линкот од Wikipedia води до текст за цивилната војна на Цезар од 45 година п.н.е.

“Microsoft и други сопственици на права цензорираат големи делови од интернетото, често без основа, и нема никој кој ќе им застане на пат.“, вели TorrentFreak.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk