0 коментари 1 мин. читање

Apple нарача 10 милиони iPad Mini таблет компјутери

Азиските партнери на Apple кои ги произведуваат компоненти за нивните уреди добија нарачки за 10 милиони iPad mini таблет компјутери, јавува Wall Street Journal. Според најавата новиот таблет компјутер би требало да биде подготвен за продажба во последниот квартал годинава, што значи дека можеби ќе излезе во периодот околу божиќните и новогодишни празници. Ова не е за изненадување со оглед дека божиќните празници се омилен период за продажба на најголем дел од компаниите.

Десет милиони продадени проектирани примероци се импресивна бројка, се разбира доколку Apple успее да ги продате. За споредба Amazon ги продаде своите Kindle Fire таблет компјутери во пет милиони примероци. Конкурентот на iPad mini и најверојатно уредот кој ги испирираше Apple да се обидат со помали таблети Google Nexus 7 е со проектирана продажба од 8 милиони уреди до крајот на 2012 година.

Гласините за нов помал iPad започнаа во јули, но повторно се разгореа на почетокот на октомври со објавата на Wall Street Journal, дека снабдувачите на Apple работат на 7.85 инчен таблет.  Некои блогови веќе шпекулираат и дека новиот iMini ќе има А6 процесор (непотврдено) со што би требало да биде побрз од новиот iPad. Најавата на iPad mini е предвидена до крајот на овој месец, а најголем се очекува Apple да ги испрати поканите за најавата до крајот на оваа недела.

 

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top