Започнете и водете вебсајт со тетратка и пенкало

Има луѓе кои навистина сакаат да имаат нивен веб сајт, но едноставно ги немаат потребните технички познавања. Во одредени ситуации, процедурата за создавање и полнење веб сајт е значително поедноставена денеска, како што е случајот со, пример, jimdo, од каде одбирате некој од претходно изработени дизајни и вметнувате текстови и слики со само еден клик на соодветното копче. Арно но, некој ни тоа не може, или едноставно не сака.

Тетратка си е тетратка и, за многумина, нема поубаво чувство од држење пенкало во рака и дозволување на вашите мисли директно да бидат испишани на белата хартија. Дополнително, има одредени лица кои сакаат веб сајт, но да се што е можно помалку изложени на штетното влијание од мониторот, иако, ќе се сложите, таквото нешто е минимално.

Од друга страна, има и многу писатели или научници кои го немаат луксузот да го бираат моментот кога ќе бидат повикани од нивната муза, и често носат нотес или тетратка секаде со нив, за да кога инспирацијата ќе нападне – тие се спремни!

За сите овие работи, и за многу повеќе, Paper Website е револуционерна и уникатна алатка. Со нејзината помош, можете да започнете мал, скромен, но одличен вебсајт директно напојуван од вашата тетратка!

На што мислиме?

Во вашата тетратка испишувате една страна. Може да е песна, кратка приказна, опис на денешниот ден, што и да е! Потоа, ја сликате таа страна и истата автоматски се процесира и поставува на вашиот сајт. Потоа, преку алатката, можете да ја менувате големината, бојата и стилот на буквите, како и бојата на позадината.

Паралелно со ова, можете да поставувате најразлични GIF-ови, видеа, фотографии и слично. Иако ова е целосно изборно, процедурата не би можела да биде поедноставна. Погледнете!

Откако ќе напишете, фотографирате и поставите неколку работи на вашиот нов вебсајт, имате лесни можности за испраќање newsletter-и, како и целосна интеграција со Google Analytics, за да можете да добиете точен и детален увид за сите ваши посетители.

Како сево ова функционира?

Paper Website користи OCR и GRT-3 за да го препознае вашиот текст. За максимално препознавање на текстот, се препорачува читко пишување, но GPT-3 алгоритамот е исклучително моќен и успешно препознава и лоши ракописи. Причината за тоа е што алгоритамот првенствено се тренира на лоши OCR примери и релативно ефикасно препознава од четири годишен ракопис, па сè до докторски шкрабаници.

За жал, Paper Website функционира само со текстови напишани на англиски јазик, но поддршка за други јазици е нешто на што авторот зад алатката озбилно размислува.

Кој стои за Paper Website?

Бен Стоукс е 26 годишен инди хакер од Англија. Во последната година-и-пол, талентираниот Бен има работено на бројни мали интернет проекти. Paper Website е неговиот седми проект. Во случај да сакате да ги откриете и неговите останати проекти, посетете го неговиот блог Tiny Projects!

Се надеваме ќе ви користи Paper Website во иднина! Она што ние навистина сакаме да знаеме е дали често пишувате во тетратка, или ништо не го заменува добриот, старт Word? Кажете нѝ во коментарите!

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk