Апликација на денот: Уредувајте го вашиот Android телефон преку прелистувачот со Airdroid

во Совети

Airdroid е апликација за Android која ќе ви овозможи да менаџирате со вашиот паметен телефон, директно преку вашиот прелистувач. Оваа апликација ќе ви овозможи многу корисни работи преку Wi-Fi конекција, а додека вашиот мобилен и компјутер се на истата мрежа, не би требало да има никаков проблем при пристапувањето.

Што точно нуди Airdroid? Многу опции, како на пример корисни работи како што се прегледување на вашите повици, читање и одговарање на пораките. Особено корисна работа за лицата што имаат мали екрани, е токму опцијата за праќање на пораки.

Airdroid има прекрасен музички интерфејс преку кој ќе можете да преземате музика на вашиот телефон, прикачувате нови песни или да стримате музика од вашиот телефон директно на вашиот компјутер. Не дека е нешто ново, но Wi-Fi синхронизацијата ќе ве спаси од приклучување кабли и префрлување датотеки.

Возможно е и уредување на вашите контакти, рингтон, како и да ги уредувате вашите апликации. Сепак, доколку се одлучите за бришење на некоја апликација, тој процес ќе морате да го одобрите преку вашиот телефон. Airdroid овозможува и едноставно прегледување на фотографиите кои ги имате на вашиот Android телефон, а постои можност и за прегледување на видеа.

Airdroid е бесплатен и можете да го преземете од Google Play.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments