Естонија инсталира мрежа од „супер-полначи“ за електрични автомобили

во Свет

Над 165 „супер-полначи“ кои ќе ја полнат батеријата на електричните автомобили за околу 30 минури ќе бидат инсталирани ширум Естонија, во секој естонски град и село ќе има по еден полнач, а на автопатите ќе има на секое 60 километри, пишува Estonian World. Со овој проект Естонија, која е една од најразвиенит ИТ земји во светот, станува и една од првите земји кои се потготвуваат за револуцијата на електричните автомобили.

Во моментов технологијата е заглавена кај батериите на електричните и еколошки автомобили. Батериите се премногу скапи, затоа и цената на овие автомобили е висока околу 20.000 евра, и треба да се полнат постојано за само 200 километри, зависно од модел. Естонските супер-полначи ќе ја полнат батеријата за 30-тина минути но таа ќе трае за само 140 километри, што може да биде сериозен проблем при долги патување. Полнењето ќе се наплаќа од 2 до 5 евра по полнење, или пак ќе се плаќа месечно 30 евра.

„Toa што ги ја прави естонската мрежа за брзо полнење уникатна е што користи унифициран систем за плаќање кој може да се користи со картичка или со паметен телефон за плаќање. Веруваме дека национална мрежа на брзи полначи ќе го зголеми бројот на електрични возила, бидејќи возачите нема веќе да се грижат за краткото траење на своите автомобили.“, вели Јармо Туск кој ја води естонската програма за електрични возила.

Интресно Eстонија ќе им помага финансиски на возачите на електрични возила со до 1.000 евра доколку сакаат да си инсталираат полнаќ во својот дом. До овој момент има околу 620 регистрирани електрични возила во Естонија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments