Google по се изгледа не е задоволен од Android гејминг конзолите кои се достапни на пазарот и веќе работи на сопствена конзола. Покрај ова на листата новитети кои треба да ги очекуваме од гигантот наскоро би можел да се појави и паметен часовник, јавува Wall Street Journal. Google веќе претстави Play Games сервис за мултиплеер играње, за кој уште тогаш напишавме дека овој нов сервис ќе биде добра основа за конзола.
За почеток е тешко да се очекува дека конзолата на Google или било која Android конзола би можела да се натпреварува со Xbox One или Playstation 4. Недостигот на квалитетни игри за Android секако ќе ја отежни работата на Google, но уред кој е комбинација на ТВ приемник и Android гејминг конзола може да е добредојдена за „casual“ гејмерите.
Причината за ваквите уреди, WSJ ја гледа во притисок врз Apple кој веќе поодамна најавува паметен часовник, а барем засега не е заинтересиран за iOS конзола, но се шпекулира дека новата верзија на Аpple TV ќе доаѓа со сопствена гејминг компонента.
Што се однесува до Android конзолите засега не поминуваат најдобро Ouya барем засега не ги исполнува очекувањата, а не поминува добро ниту Xperia Play. Наскоро ја очекуваме новата Android конзола, Nvidia Shield која поради механички проблеми го одложи своето излегување за следниот месец.