Samsung претстави нова апликација Look at me која треба да направи алатка од паметните телефони што ќе им помогне на децата со аутизам, јави Techcrunch.
Апликацијата според Samsung ќе ја подобри можноста на децата за продолжување на контакт, што е проблем за лицата со аутизам. Апликацијата е развиена од Националната универзитетска болница Бундаг од Сеул и Одделот за психологија на Универзитетот Јонсел. Преку игри, фотографии, препознавање на ликови децата се учат да ги читаат емоциите и да комуницираат со луѓето. Според тимот зад апликацијата дури 60 отсто од децата по осум неделното користење на апликацијата, кај децата забележале подобрување во одржување на контактот очи во очи.
[youtube]99TL3hGPw5I[/youtube]







