Браво за твитерџиите што ја направија третата Новогодишна елка од пластични шишиња

0 коментари 2 мин. читање

Речено, сторено! По трет пат триесеттина ентузијасти кои се организираа преку Twitter, креираа елка направена од пластични шишиња која ќе го краси Паркот на Франкофонијата. Целта на акцијата е да го собере твитерџиите на офлајн дружење, но и да се подигне свеста за рециклирањето и да се поттикне хуманоста, бидејќи на крај шишињата се продаваат, а собраните пари ќе се донираат во хуманитарни цели. Покрај ова се собираат и парични средства кои на крајот одат во хуманитарни цели.

Се разбира славење на #елкамк продолжува на Twitter каде можете да видете уште повеќе фотографии и преку твитовите да дознаете како е направена годинешнава елка, доколку не присуствувавте на настанот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед