Aпликација на денот: Контролирајте презентација со мобилен телефон

во Совети

Swoosh Presentation Control е апликација за Android која го поедноставува управувањето со презентациите и е одлично решение за сите кои често користат презентациите во својата работа. Апликацијата овозможува со едноставна гестикулација, поминување со раката над телефонот да се управува со презентацијата, односно да отидат слајд напред или да се вратат на претходниот слајд. Сетирањето на Swoosh е едноставно, а потребна е десктоп и мобилна апликација, по поврзувањето на ист WiFi и одбирање на компјутерот презентацијата може да започне.

Swoosh е компатибилен со Prezi, Slidely, Powerpoint Online, Google Slides, Keynote и Acrobat Reader. Апликацијата не е бесплатна (чини 2 долари), но доколку често имате презентации без сомневање се исплати, иако пред да започнете со официјални презентации, најдобро е да повежбате дома.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments