Некојпат крајните корисници немаат никаква корист од експериментите што ги прават хакерите. Но, тоа што е интересно, е што хакерите ги откриваат сите можности на технологијата, тие очигледните и тие скриените, како хакот кој овозможува инсталација на Linux Kernel на фотоапаратот Canon EOS DSLR.
Можностите за инсталација на Linux на Canon EOS се презентиран од групата Magic Lantern, и покажуваат дека Linux може да се покрене и на уреди кои се пооскудни со ресурси како камерите. По стартувањето корисникот може да презентира информации на екранот, има пристап до податоците на SD картичката, промена на расположивата RAM меморија и дел други промени кои можете да ги видите на форумот.
Според објавата, овој порт на Linux може да се користи за инсталирање на Linux kernel на Canon 60D, 600D, 7D, 5D2 и 5D3 апаратите. Следен чекор е креирање на GUI дел кој можеби би овозможил промени и за корисниците кои се помалку технички надарени.