Aпликација на денот: Eкономист ја направи својата прва Android апликација

во Софтвер

Сакав повеќе креативност, вели Александар Јордановски, дипломиран економист кој ја замени досадната финансиска ревизија со позабавното креирање на мобилни апликации. Можеби програмирањето и економијата си имаат некои свои заеднички точки, пример бараат посветена работата со куп мали детали и бројки, но за Александар, кој започна да учи со неколку кратки курсеви пред две години, програмирањето има малку повеќе магија бидејќи можеш да се изразиш креативно.

„Најпрво, за да не биде целата работа избрзана, отидов на еден краток курс во Семос за C++, за да се запознаам со програмирањето, да видам дали ќе можам да се снајдам во тој свет, а и пред се да одлучам дали можам да продолжам понатаму со програмирањето. Она што почна да ми се случува после, искрено и мене ме зачуди. Почнав да го трошам секој можен слободен момент, да научам нешто ново, да барам нови извори на знаење. Тогаш веќе бев сигурен дека можам да продолжам по тој пат. “.

Следеа уште курсеви за програмирање, и одлуката падна да се направи Android апликација. Александар ќе ја прави својата прва мобилна апликација на платформата на Google бидејќи, како што вели, Android доминира на пазарот и е подостапен за почетниците. Секако, за Android има и повеќе девелопери од кои може да учи или да добие совет ако заглави.

Неговата апликација е Coffee In, едноставна, но интересно направена апликација која ќе ви помогне при изборот на кафе. Содржи рецепти за разни кафиња, како мексичко фрапе, холандско кафе, чоколадно лате или како се прави совршеното макијато, а има и интересни факти и цитати што ќе ве мотивираат да пиете кафе. Случајно или не, овој текст го пишувам со кафе пред мене. :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments