0 коментари 1 мин. читање 5 март, 2015

Што е Nvidia Shield – конзола или TВ сет?

Nvidia сепак не се откажува од својата Android конзола, наречена Shield. Новата верзија овојпат е ТВ конзола и тоа доаѓа со 4K поддршка на 60Hz. Конзолата доаѓа со Tegra X1 процесор и, според Nvidia, е помоќна од конкурентите Roku и Apple TV, па дури и од Xbox 360. Во пакет со Nvidia Shield е претставен и далечински управувач со можност за гласовно пребарување, на кој има и простор за приклучување на слушалки, но засега нема податоци дека ќе доаѓа заедно со конзолата, вели Verge.

Со оглед на тоа дека сепак станува збор за гејминг конзола најважното прашање е „колку и какви игри ќе доаѓаат на Shield?“. Според најавата Shield доаѓа со сопствена продавница во која на излегувањето ќе бидат достапни 50 игри, помеѓу кои ќе бидат: Portal, Star Wars: Knights of the Old Republic, Half-Life 2: Episode 1. Цената на Android TV козолата ќе биде 200 долари и ќе биде достапна во мај.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}