Сундар Пичаи од Google објави неколку интересни фотографии на својот Google+ профил кои го открија името на следната верзија на Android, која ќе го носи името Kit Kat. Иако подолго време се веруваше дека името на новиот оперативен систем ќе биде „Key Lime Pie“, досега немаше некое известување околу тоа. Објавено е и дека Android ја надмина бројаката од 1 милијарда активирани уреди.
Тоа што е интересно, истовремено со најавата Nestle објави нов редизајниран сајт на KitKat на кој се претставува чоколатката како мобилен телефон со сите спецификации. Објавена е нова реклама за Android и KitKat која е всушност пародија на рекламите на Apple.
[youtube]OKOrkLxOBoY[/youtube]
Уште една новост која може да се прочита на објавата на г. Пичаи е дека Android ја надмина бројката од 1 милијарда активирани Android уреди, што не е нималку изненадувачки со растот кој овој оперативен систем го имаше во последните неколку месеци. Според традицијата од последните неколку години, Android 4.4 Kit Kat би требало да биде објавена во октомври. Во промоцијата на новата верзија ќе бидат вклучени и Neste кои со специјално дизајнирани киткети ќе доделуваат Nexus 7 и кредити за Google Play.







