0 коментари 1 мин. читање

Tortijada.mk влезе во финалето на European Youth Award 2013

Македонскиот портал за торти, Tortijada.mk, влезе во потесниот избор за European Youth Award 2013 во категоријата Power 2 Women. Tortijada.mk е меѓу 34 други веб страни и апликации од ширум Европа кои се влезени во финалето, и се натпреваруваат за патување во Грац, Австрија каде ќе учествуваат на Фестивалот на европските младински награди. Европскиот младински натпревар е посветен за младите ИТ професионалци кои користат дигитални технологии за остварување на Милениумските цели на Обединетите нации за подобрување на квалитетот на животот и намалување на сиромаштијата.

„Tortijada.mk е директориум и друштвена мрежа што преку слаткарската индустрија ги поттикнува жените да ја покажат нивната креативност, да се надградуват преку размена на информации и животни искуства, им нуди пристап до видео и текстуални материјали за самостојна надградба и учење. Исто така, ги поттикнува да најдат муштерии и да започнат сопствен бизнис во слаткарската индустрија.“, објаснува Елена Ризова, менаџер на Tortijada.mk.

Tortijada.mk не е прв македонски проект кој учествува на Европските младински награди. Преходно во 2012-та година, во категоријата Go Green! победи проектот Climate for Children на Дарко Божиноски.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top