Следната недела, на 5-ти октомври, излегува Android 6.0 Marshmallow. Очекувано првите на кои ќе им биде достапен ќе бидат корисниците на Nexus уредите. Nexus 6P и Nexus 5X се новите и први уреди на кој Android 6.0 ќе биде достапен.
Новиот Android доаѓа со значителни подобрувања во однос на претходниците. Оперативниот систем преку сензорите ќе „знае“ кога подолго време не се користи и ќе исклучува дел од процесите, а со тоа ќе го продолжи периодот помеѓу помлнењеата на батеријата. Google Now и новата апликација Google Now on Tap овозможува интеграција на апликациите и Google Now. Па така апликацијата ќе може да реагира на дел од пораките кои ги добивате во зависност од нивната содржина.
Cut, Copy и Paste при обработка или внесување на текст во новата верзија на Android ќе се појавуваат на исто место со прстот на корисникот, со што пишувањето и промените ќе бидат значително поедноставни. Конечно дел од пермисиите кои се достапни на апликациите ќе можат да им бидат одземени, таака нема да има повеќе избор од типот „оваа апликација користи …“, наместо ова секој корисник ќе може да блокира дел од привилегиите кога апликацијата ќе треба да ги употреби.
Оперативниот систем ќе биде достапен на Nexus 5, Nexus 6, Nexus 7 (2103), Nexus 9 и Nexus Player. За сопствениците на постарите модели за жал прекунува надградбата на оперативниот систем, Nexus 4, Nexus 7(2012) и Nexus 10 нема да бидат надградени на новата верзија на Android, јави Fossbytes.







