0 коментари 2 мин. читање 1 октомври, 2015

Вашата профил слика на Facebook сега може да биде анимиран гиф

Facebook им излегува во пресрет на сите кои сметаат дека нема доволно креативен простор на друштвената мрежа. Отсега корисницте ќе можат да ја заменат сликата на својот профил со анимиран гиф од 7 секунди. Заедно со ова друштвената мрежа воведува уште неколку промени. Сега може да одберете дел од своите омилени фотографии и да ги прикажат на својот профил, а ќе може и да користите привремени слики на својот профил кои ќе бидат променети по истекот на периодот кој го избрал корисникот.

Новите промени пред се се однесуваат на начинот на кој се претставувате пред другите корисници, и би требало да овозможат покреативна презентација. Тоа е барем желбата на Facebook, иако сето ова може да се претфори во откачено шоу на гифови кои Facebook не сакаше да ги активира во својот тајмлајн. Но, сега има автоматски плејбек на видеа, гифови на профили, и се на друштвената мрежа одеднаш започнува да се движи. Промените веќе се започнати, но најверојатно ќе треба да помине одреден период пред да бидат достапни на сите профили.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top