AMD влезе на Windows 8 пазарот со Z-60 Hendo процесор

во Хардвер

Windows 8 треската го зафати и производителот на процесори AMD. Компанијата најави дека ќе влезе на пазарот за Windows 8 таблет и хибридни компјутери со Z-60 Hondo процесор. Новиот процесор ќе биде оптимизиран да понудаи поголема моќ на таблет компјутерите, но со намалено трошење и поиздржлива батерија, што е една од најважните особини на таблет компјутерите.

Hondo е двојадрен процесор со работна фрекфенција од 1GHZ и побарува само 4,5W за работа. Како што е пракса и овој процесор доаѓа со интегриран графички дел, Radeon HD 6250 и би требало да нема поголеми проблеми со DirectX 11. Според AMD новиот Z-60 Hondo ќе има подобри графички перформанси од конкуренцијата.

Ќе биде поддржана резолуција до 1920 х 1200, а уредите со Z-60 Hondo би требало да овозможуваат и играње на видео игри на пристојна резолуција. AMD вели дека на овие таблети ќе може да се игра и Modern Warfare 2, но со намалена резолуција. Според најавата, процесорот ќе може да го стартува Windows за 25 секунди и да се префрли во работна состојба од „спиење“ за 2 секунди.

Најголем конкурент на Z-60 Hondo ќе му биде Intel Clover Trail. Слично како и Z-60 и Clover Trail ќе овозможува 10 часовна работа во таблет мод. Најголема предност на Clover Trail e неговата големина со оглед на тоа дека овозможува таблет комјутери кои се дебели само 8,5mm, додека Z-60 дозволува минимална дебелина од 10-11mm. Најголема предност на Z-80 пак е графиката, инајќи во предвид дека најавија дека ќе биде 5-6 пати помоќен од Cedar Trail.

Се очекува Hondo да биде достапен во таблет комјутери кон крајот на годината. Z-60 ќе биде поефтин од Clover Field па и таблет и хибридните компјутери во кои ќе биде вграден овој процесор би требало да бидат поефтини.

[youtube]35qYpRxj4XU[/youtube]

Предвиденото време за 10 часовна работа се однесува на Windows Presentation мод на работа и барем засега не е познато кај ќе биде односот со реалната потрошувачка додека работи таблетот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk