Intel ги пензионира Pentium и Celeron брендовите

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Следната година Intel ќе ги пензионира Pentium и Celeron брендовите. Брендот на овие процесори ќе биде заеднички и ќе доаѓа под името Intel Processor. Промената се однесува на идните лаптопи и десктоп компјутери, но и на уредите кои веќе се во продажба. Компанијата со оваа промена сака да го поедностави купувањето на лаптопи од буџет класата за корисниците, без премногу да ги оптоварува со куп различни процесори. За купувачите ова ќе значи дека остануваат две ознаки за процесорите – Intel Core е премиум модел, и новиот Intel Processor бренд, за буџет варијантите.

„Без разлика дали станува збор за работа или за играње, важноста на компјутерот станува се поочигледна додека брзото темпо на технолошки развој продолжува да го обликува светот… Intel е посветен на поттикнување на иновациите во корист на корисниците, а нашите entry-level процесори беа клучни за подигање на стандардите за компјутери во сите категории. Новото брендирање на Intel Processor ќе ја поедностави нашата понуда, за корисниците да можат да се фокусираат на своите потреби“, вели Џош Њуман, заменик претседател на Intel.

Ребрендирањето само малку ќе го поедностави изборот, процесорите на Intel и натаму доаѓаат со куп различни ознаки дури и за исти процесори. На пример Intel Core процесорите имаат повеќе различни серии, пример: U-серија, P-серија, H-серија, HX-серија, Y-серија, S-серија и K-серија. Ознаките ја означуваат потрошувачката на електрична енергија, но и перформансите на процесорот. На пример U-серијата се користи во тенки лаптоп и ноутбук компјутери, а H-серијата се користи за гејминг лаптопи.

Pentium серијата беше претставена во 1993 година, и тогаш беше ознака за процесорите со најдобри перформанси. Ова траеше до претставувањето на Core брендот во 2006 кога Pentium стана ознака за процесори од средна класа. Celeron од воведувањето во 1998 година беше ознака за најевтините процесори со послаби перформанси. Актуелните серии на Celeron се користат во дел од Chromebook компјутерите и во поевтините лаптопи.

Ребрендирањето само значи дека процесорите кои сега доаѓаат под Celeron, Pentium Silver и Pentium Gold ќе бидат под заеднички бренд. Процесорите и натаму ќе постојат и ќе се разликуваат помеѓу себе, пренесе XDA Developers.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments