0 коментари 2 мин. читање 9 октомври, 2012

Oatmeal успеа да го купи Музејот на Тесла

Откако ги собраа  потребните средства за Музеј на Никола Тесла, Метју Инман, основачот на Oatmeal и непрофитната група „Tesla Science Center at Wardenclyffe“, полека го завршуваат проектот за изградба на музеј и на 5 октомври ја купија локацијата на која ќе биде изграден музејот.

IndieGogo проектот заврши со речиси собрани 1,4 милиони долари од ентузијасти и донатори. Со оглед на тоа дека музејот е поддржан и од државата Њујорк, беше потребно да бидат собрани 850.000 долари, а втората половина од парите ќе ги донира Њујорк. Со оглед на тоа дека оваа сума беше и повеќе од доволна, минатата недела ја купија локацијата од 65.000 m2 каде ќе биде изграден музејот.

Локацијата за музејот е на местото каде што се наоѓаше лабораторијата на Никола Тесла, а до неодамна беше во сопственост на Agfa коорперацијата. За негова изградба се донирани средства од над 100 различни држави и 33.254 донатори.

ArsTechnica подсетува за историјатот на локацијата. идејата на Тесла била имотот да се користи коако вектор за транс-Атланска бежична комуникација, емитување и безжична енергија. Лабораторијата освен зградата имала и  54 метри висок предавател.  Во 1917 година Никола Тесла го продал имотот за 20,000 долари, за да ги плати хотелските сметки во Waldorf-Astoria.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top