За следната недела единствениот конкурент на Nvidia, AMD најави презентација во живо. Според најавата компанијата ќе го претстави конкурентот на Nvidia 10xx серијата, седмата генерација на AMD A-серија процесори и Polaris архитектура.
Засега нема премногу други податоци околу што друго ќе биде презентиранo, но на презентацијата на Polaris архитектурата, компанијата најави дека првите графички картички ќе бидат достапни од средината на годината. Она што е поинтересно е споредбата на можностите на графичките картички. Nvidia со новите картички успеа да спои перформанси и цена која е повеќе од одвојно пониска од претходните картички со приближни перформанси. Освен графички картички компанијата најверојатно ќе ги презентира своите APU, комбинација од CPU и GPU на еден чип.
Доколку компанијата не успеа да презенитра графички со Polaris архитектура во догледно време, пазарот без сомневање ќе биде во рацете на Nvidia. Сепак, пред да продолжиме со шпекулациите, да почекаме на презентацијата.








Пак утнат ви е редоследот на зборчињата во насловот, треба
Графичките картички Поларис, а не обратно како што е сега.
Исто и подолу, треба:
архитектурата Поларис,
а не треба
Polaris архитектура.:)
Се надевам дека ке се исплати чекњево, не сум направил upgrade на графичка со години од 2012
Само да не забегат со цените како Nvidia и да ги намалат цениве на Fury картициве безвезно скупи се а да не зборам за 290 овај 390/х
Оваа година планирам да зеам некоја од новиве “евтини” графички доколку вредат само да почекаме да видиме и Nvidia што ке извадат
Иначе иднава година HBM2 тралала :)