Безбедносни експерти открија претходно непознат пропуст во процесорите на AMD. Пропустот е присутен речиси две декади и според проценките зафатени се стотици милиони чипови.
Пропустот го открија експертите на IOActive и го нарекоа „Sinkclose“ бидејќи е скриен длабоко во фирмверот на чиповите. Неговата злоупотреба не е едноставна, и потребно е напаѓачот веќе да ја има заразено машината, но ако ова е случај, тогаш може да биде вистински кошмар.
Пропустот е во „System Management Mode (SMM)“ што е безбеден сегмент на процесорот. Ова е еден од најзаштитените делови од фирмверот. IOActive открија дека пропустот е присутен на речиси сите процесори од AMD од 2006 година. Единствено не се споменати најновите процесори со AI на AMD, но пропустот кај овие процесори можеби е надминат пред испораката.
Добра вест е дека за злоупотреба на пропустот е потребен привилегиран пристап до чипот, што ја прави опасноста помала. Ако ова не е сериозен проблем за сопствениците на домашни компјутери, компаниите и државните агенции, но и сите повредни цели за напад имаат причина за загриженост.
Во рацете на вешт хакер нападот е невозможно да се открие
Како што спомнавме, обичните корисници немаат причина за паника. Сепак, ситуацијата со „Sinkflow“ е поинаква за сите кои чуваат чувствителни податоци. Во рацете на вешт хакер пропустот овозможува криење на код во системот кој нема да може да се открие, а неговото отстранување е многу тешко. Малициозниот код кој ќе биде скриен со користење на овој пропуст би можел да „преживее“ целосно бришење на податоците. Кодот ќе биде скриен во фирмверот и покрај бришењето на сите податоци нема да биде отстранет.
„Замислете хакери во служба на држави или кој и да е, што сака да опстои на вашиот систем. Дури и ако потполно го избришете вашиот диск, тој ќе остане таму. Ќе биде речиси незабележлив и речиси неотстранлив.“, вели Кшиштоф Окупски од IOActive.
Единствено потполно безбедно решение, а веројатно и прва опција во зависност од податоците кои се чуваат е „нуклеарното“: Фрлање на машината и нејзина замена.
AMD веќе издаде закрпи
AMD веќе работи на закрпи за голем дел од чиповите, но за жал, не за сите чипови. Според најавата, поправката нема да влијае на перформансите на чиповите, што веруваме ќе биде добредојдено кај сопствениците. Надградбата е достапна за сите понови процесори вклучувајќи ги AMD EPIC процесорите за центри за податоци, новиот Threadripper и за Ryzen чиповите.
За жал има и лоши вести, дел од процесорите кои се надвор од периодот на поддршка нема ни да добијат закрпа, иако голем дел од нив се супер популарни и се користат и денес. Нема планови за безбедносни закрпи за Threadripper 1000 и 2000 и Ryzen 3000.
Производителот се обиде да нагласи колку е тешко да се искористи пропустот, споредувајќи го со пристап до сефовите до банка откако некој веќе ги заобиколил алармите, чуварите, вратата на сефот и сите други безбедносни мерки. Сепак, IOActive потсети дека начини за напад на Kernel веќе постојат, и се злоупотребуваат.
Листа на процесори кои ќе добијат надградби
Еве ја листата на сите чипови кои ќе добијат надградба која ја сподели Tom’s Hardware.
Центри за податоци |
---|
1st Gen AMD EPYC (Naples) |
2nd Gen AMD EPYC (Rome) |
3rd Gen AMD EPYC (Milan/Milan-X) |
4th Gen AMD EPYC (Genoa/Genoa-X/Bergamo/Siena) |
AMD Instinct MI300A |
Вгнездени процесори |
---|
AMD EPYC Embedded 3000 |
AMD EPYC Embedded 7002 |
AMD EPYC Embedded 7003 |
AMD EPYC Embedded 9003 |
AMD Ryzen Embedded R1000 |
AMD Ryzen Embedded R2000 |
AMD Ryzen Embedded 5000 |
AMD Ryzen Embedded 7000 |
AMD Ryzen Embedded V1000 |
AMD Ryzen Embedded V2000 |
AMD Ryzen Embedded V3000 |
Десктоп |
---|
AMD Ryzen 5000 Series (Vermeer/Cezanne) |
AMD Ryzen 7000 Series (Raphael) X3D |
AMD Ryzen 4000 Series with Radeon Graphics (Renoir) |
AMD Ryzen 8000 Series with Radeon Graphics (Phoenix) |
HEDT |
---|
AMD Ryzen Threadripper 3000 Series (Castle Peak) |
AMD Ryzen Threadripper 7000 Series (Storm Peak) |
Работна станица (Workstation) |
---|
AMD Ryzen Threadripper PRO (Castle Peak) |
AMD Ryzen Threadripper PRO 3000WX (Chagall) |
Преносни |
---|
AMD Athlon 3000 Series with Radeon Graphics (Dali/Pollock) |
AMD Ryzen 3000 Series with Radeon Graphics (Picasso) |
AMD Ryzen 4000 Series with Radeon Graphics (Renoir) |
AMD Ryzen 5000 Series with Radeon Graphics (Cezanne/Barcelo) |
AMD Ryzen 6000 Series with Radeon Graphics (Rembrandt) |
AMD Ryzen 7020 Series with Radeon Graphics (Mendocino) |
AMD Ryzen 7030 Series with Radeon Graphics (Barcelo-R) |
AMD Ryzen 7035 Series with Radeon Graphics (Rembrandt-R) |
AMD Ryzen 7040 Series with Radeon Graphics (Phoenix) |
AMD Ryzen 7045 Series (Dragon Range) |
AMD Ryzen with Radeon Graphics (Hawk Point) |