All-in-One Ubuntu PC од System76 за 799 долари

во Хардвер

Недела кога се претставија многу нови уреди, па не можеше да го испуштиме и новиот Ubuntu компјутер од System76 кои се очекува да објават уште неколку нови продукти.

Компанијата преку твит го најави објавувањето на нивниот нов продукт, а истиот е веќе и во продажба. Се работи за All-in-One PC кој доаѓа со инсталирана најнова верзија на Ubuntu, односно 12.10 која беше објавена пред една недела.

Овој уред го носи името Sable и според тоа што можеме да го видиме од сликите и официјалните информации, се работи за брз, ефтин и лесно надградлив во било кое време.

  • Почнувајќи од 799 долари, Sable доаѓа со:
  • 21.5“ HD LED Backlit Display (1920 x 1080);
  • Четири-јадрен Intel Core i5 3470S @ 2,90 GHz;
  • Интегрирана HD Graphics 2500;
  • 4 GB DDR3 RAM;
  • 250 GB SATA II 6Gb/s 16MB Cache;
  • Вградени звучници, микрофон и камера;
  • USB порти;
  • HDMI излез;
  • Аудио влез/излез.

Недостаток е тоа што нема вграден Wi-Fi, но истиот може да биде вграден за дополнителни 35 долари. Исто така, возможно е и надоградување на Intel i7 процесор, дополнителна RAM меморија до 16 GB и HDD до 750 GB.

Sable Complete можете да го порачате од официјалниот сајт на System76.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments