- Со првичната инвестиција од половина милион долари, Howitzer во 2021-та започна како студентска иницијатива. Три години откако пивотираше во HeyReach, македонскиот стартап се профилира како еден од ретките играчи на пазарот со свој уникатен производ и кој денес генерира годишна заработка од $2.4 милиони. Прочитај повеќе.
- Регионалната платформа за е-трговија основана во Косово, Gjirafa доби инвестиција од 5 милиони американски долари. Инвестицијата доаѓа од американскиот државен инвестициски фонд DFC. Оваа инвестиција е дел од претстојниот Series C инвестициски циклус, и е насочена кон проширување на услугите на платформата. Прочитај повеќе.
- Притиснати да ги насочат операциите и да ги намалат трошоците, компаниите сè повеќе усвојуваат тимови од агенти базирани на вештачката интелигенција. Оваа технологија е ефективна во вршење едни исти задачи, обработка на големи збирки податоци и обезбедување на увид во реално време. Регионот на Централна и источна Европа има свои значајни играчи на теренот, а FastAgency, со седиште во Хрватска, е една од платформите која им помага на бизнисите да користат токму такви системи за вештачка интелигенција. Прочитај повеќе.
- Инфостилерите се малициозен софтвер кој е специјално дизајниран за кражба на лозинки и колачиња од прелистувачите на жртвите. Со ова значително го олеснуваат заобиколувањето на заштитата. Големи компании како AT&T, Ticketmaster, Santander Bank се само некои од жртвите на ваквите напади. Украдените податоци често завршуваат на скриени форуми или во групи на Telegram, каде што се нудат на продажба. Прочитај повеќе.