0 коментари 1 мин. читање

Родов Реактор сака да ја поттикне родовата еднаквост во Македонија

Дали знаевте дека само 7 отсто од кандидатите за градоначалници се жени? А дека 3/4 од жените се плашат да се движат сами на места каде што има малку луѓе?

За да се подигне свеста за дискриминација на жените во сите области во Македонија, невладината организација Реактор по повод меѓународниот ден на жените, 8-ми март, стартува нов сајт Родов Реактор преку кој ќе се дистрибуираат истражувања, графикони и податоци за родовите разлики во општеството. Родов Реактор е поддржан од Open Society Foundations и од проектот на USAID за Граѓанско општество.

„Се надеваме дека преку обезбедување на лесно достапни, интерактивни и визуелизирани податоци ќе помогнеме кон информирана дискусија за положбата на жената во македонското општество, но и дека ќе поттикнеме активности за промоција на родовата еднаквост. Со оглед на тоа што сајтот нуди разноврсни содржини во различни формати, сметаме дека не само што ќе им биде од корист на оние кои се занимаваат со оваа проблематика, туку и ќе ги заинтересира или во најмала рака ќе ги замисли и случајните посетители“, велат од Реактор.

[youtube]wmvXqoWRAHI[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top