0 коментари 2 мин. читање 7 март, 2014

Со WeTransfer ќе може да префрлувате до 10 GB фајлови преку вашиот iPhone и iPad

Веб сервисот за префрлање на големи фајлови, WeТransfer, конечно пристигна на iOS, со што корисниците ќе можат полесно да ги споделат своите фотографии или видеа од својот iPhone или iPad. Со сервисот можжат да се споделуваат до 10 GB големи фајлови, но при трансферот ќе треба да почекате фајловите да бидат преземени. Ако сакате да споделите уште слики или филмови, ќе треба да го ослободите просторот или да се претплатите на сервисот. За претплата од 10 долари капацитеот за споделување се зголемува на 50 GB, а за разлика од бесплатната верзија, фајловите се чуваат неограничено време, а не само една недела. Апликацијата овозможува и пауза на аплоудот, па корисниците ќе можат да почекаат да стигнат до WiFi мрежа пред да ги поместат фајловите.

Споделувањето на фајловите е едноставно, откако апликацијата ќе добие пристап до фотографиите, ги селектирате фотографиите. Потоа со преминување со прстот преку екранот, се отвора екранот за примателот на фајловите, откако ќе бидат пополнети полињата за „примач“, „испраќач“ и „куса порака“ трансферот може да започне. Засега апликацијата нема Android верзија, но од WeTransfer велат дека е во изработка и наскоро ќе биде достапна.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top