Поминаа неколку недели откако објавивме игра како апликација на денот, а денес ви ја претставуваме Sparrow – првата македонска игра за Windows Phone 8. Автори на играта се Ертај Шашко, Рахим Исламоски и Алпај Шашко, сите студенти на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Sparrow е игра во која вие го контролирате вашиот воен авион со кој треба да ги елиминирате противничките трупи составени од повеќе видови на авиони, бродови и хелихоптери. Играта е составена од неколку нивоа и на секое добивате нов и подобар авион. Исто така, случувањата се одвиваат на различни површини и секое ниво се состои од различни битки со главниот противник.
Во текот на играњето вашиот авион ќе можете да го надоградувате со различен вид на ракети, како и друг вид на бонуси кои ќе го зајакнат вашиот воен авион. Играта има онлајн листа на најдобри играчи, а за да ја играте потребно е само да се најавите со вашата мејл сметка која ја користите на телефонот. Доколку сакате да ја инсталирате играта, контактирајте го @ErtaySh или пишете им на мејл адресата infiniteloop[at]live[dot]com.

Коментари
7 коментари
Коментарите се затворени.