Portal и Left 4 Dead 2 доаѓаат на GNU/Linux

Додека до пред неколку месеци GNU/Linux корисниците беа изоставени од игрите, барем од тие големите наслови и игри со добра графика, денес тие може да се порадуваат на уште два наслови кои доаѓаат на Steam. Имено, Valve веќе ја објави Portal за овој оперативен систем, како и Left 4 Dead 2.

Официјално соопштение дека Left 4 Dead 2 бета е достапна за GNU/Linux има и на блогот на играта, во кое се наведува дека оваа издание ќе се користи за тестирање на Extended Mutation системот за авторите на скрипти. Играчите ќе имаат пристап до бета серверите.

BlueNews објавувадека на дел од корисниците им е достапна и бетата за Portal. Инаку, во моментот од Valve работат на нов графички енџин – Source 2, така што можеби и тоа е причината поради која сѐ уште не се достапни Half-Life 2, Dota 2 и Portal 2. Но, како и да е, видливо е дека Гејб Њувел го форсира Linux како гејминг оперативен систем.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments