Според информациите на Државниот завод за статистика на Македонија во 2010 и 2011 година употребата на слободен софтвер бележи раст во приватниот сектор (мали, средни, големи претпријатија) и јавниот сектор (министерства, агенции, јавни претпријатија и локална самоуправа), вели Слободен софтвер Македонија. Еве го останатиот дел од нивното соопштение:
Во 2010 година употребата на „бесплатен (open source) оперативен систем пр. Linux“ во приватниот сектор е 11%, при што постои значителна разлика помеѓу употребата на вакви системи во малите компании (до 50 вработени) каде употребата е 8,7% и големи (над 250 вработени) каде употребата е 28%. По класа на типот на дејноста според Националната класификација на дејности предничат компаниите што се бават со „Финансиско посредување“ (класи 65, 66, 67) и „Деловни активности“ (класи 70-74). Во овој извештај не постојат посебни податоци за ИКТ секторот.
Во 2011 истражувањето на Државниот завод е подетално. Покрај употребата на „Оперативен систем пр. Linux“ каде според податоците е забележан раст од 10 процентни поени (просекот е 22,2% за целиот приватен сектор – а сите групи според големината на субјектите имаат отприлика ист процент на употреба од 21-23), во истражувањето има податоци и за употребата на друг слободен софтвер. Така, „Софтвер за интернет пребарувач, пр. Mozilla, Firefox“ користат 63,3% од компаниите (57,1% малите, 66,1 средните и 78,6 големите компании), а „Офис софтвер пр. OpenOffice“ користат 34,6% од компаниите (34,2%, 31,6%, 50,6% соодветно).
Според дејностите, употребата на „Open Source оперативен систем пр. Linux“ е најголема во одделот „Информации и комуникации“ каде 65,3% од субјектите користат ваков оперативен систем, потоа следат „Финансиските дејности“ со 51,6% и „ИКТ секторот“ со 58,1. Најмалку субјекти што користат ваков систем има во „Градежништво“ – 18,8%.
За подетални информации видете ги официјалните соопштенија на Државниот завод за статистика на следниве URL-а:
http://www.stat.gov.mk/PrethodniSoopstenijaOblast.aspx?id=97&rbrObl=27
http://www.stat.gov.mk/PrethodniSoopstenijaOblast.aspx?id=76&rbrObl=27
Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.