3 коментари 1 мин. читање

Сите едукативни сервиси ќе бидат спакувани во еден централизиран систем

Министерството за образование најави дека наскоро сите веб страни, портали и едукативни сервиси, како е-дневник и електронски учебници, ќе бидат сместени во еден централизиран систем кој ќе го креира Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Преку тој еден систем наставниците, студентите, средношколците и основците, како и родителите, ќе имаат пристап до сите сервиси само со едно корисничко име.

Целта е да се овозможи полесен пристап и поефикасно искористување на сите сегашни и идни сервиси.

„Ова е значаен чекор што ќе придонесе за многу поголема искористеност на електронските сервиси. На тој начин ќе влеземе во електронизација на образованието и тоа ќе дојде на рангот на сите современи европски образовни системи.“, вели деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top