Сакате да купите 10 MB хард диск? Ќе ве чини 950 долари! Погледнете неколу стари компјутерски реклами

во Статии

Нема потреба да се мачите со Муровиот закон за да се убедите дека технологијата напредува со неверојатна брзина, доволно е само да ги погледнете старите компјутерски реклами од 80-тите и 90-тите, првично соберени од BuzzFeed, за да сфатите од какви идеи до какви решенија стигнавме. Ок, некои од овие реклами не покажуваат никаков напредок, туку се само луди идеи во занес на што тогаш се мислеше дека е кул.

Пример погледнете ја оваа реклама за хард диск од тогаш-неверојатни 10 MB простор за сега-неверојатни 950 долари. Но со две годишна гаранција. :)

Малку ви се 10 мегабајти? Повелете хард диск од 15 мегабајти за да додадете 15 милиони карактери. За само 2.500 долари.

Се сеќавате на овие неверојатни 3МB дискети кои доаѓаа во пакување од 10 парчиња. Не за друго, целото пакување беше навистино корисно за да се преснимаат купишта игри и софтвер.

Што мислите за портабал принтер? Ова луда идеја се чини дека функционираше само во 80-тите. Тогаш за само 600 долари ќе можевте да си носите свој „мал“ принтер на работа, во училиште, можеби и на некој бизнис состанок.

На времето прав, модерен бизнисмен носеше телефон… вистински фиксен телефон… и 5 инчен монитор… и тастатура.

И во 80-тите имало хипстер…

US Robotics се чини биле првите кои размислувале за сервис налик на Twitter, но нивниот Password Modem беше уред пред своето време.

WTF е електронска пошта?

Рекламава подолу е за Interlude, една од првите сексуални видео игри од Apple. Двата партнери му кажуваат на компјутерот во какво расположение се, а софтверот им дава сценариот со инструкции за како понатаму, пример, „поставете рози на креветот и изненадете ја вашата дама кога ќе излезе од бањата“.

Аpple од секогаш биле креативни…

Но, Microsoft од секогаш беа секси… :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
prijatel-MKD
prijatel-MKD
13 years ago

Леле, се потсетив на последното купено пакување од 10 парчиња дискети. Над 400 денари во тоа време беа 10% од месечна плата.