На 15, 16 и 17 мај (петок, сабота и недела) со почеток од 19 часот ќе се одржат турнири во три различни друштвени игри и еден во брзо редење сложувалки. Турнирите се во организација на Гоблин друштвени игри и Неотел.
Турнирот има и еден од најдобрите рекламни спотови поврзани со друштвени игри и општо со гејминг. Турнирот треба да ни помогне со простор каде ќе може безбедно да се игра во период во кој собирањето во големи групи не е безбедно.
Турнирот е поделен во 2 категории, друштвени игри и редење на сложувалки. Друштвените игри на турнирот ќе се играат на Boardgamearena се Quoridor, Takenoko и Can’t Stop. Натпреварите пак во брзо редење на сложувалки пак ќе одржат на Jigsawplanet.
Повеќе податоци за турнирите, и пријавување може да пронајдете на веб-страницата на настанот и секако на facebook-страницата.
За најдобрите во секој од натпреварите ќе има и пригодни награди.