Intel пријавија 23 проценти пораст во првата четвртина од 2020 година

Пред неколку дена, гигантот во компјутерската индустрија, Intel, ги пријави резултатите за првата четвртина од 2020 година. Споредено со вредностите од истиот период во 2019 година, компанијата бележи пораст од 23 проценти, или 19.8 милијарди долари. Нето приходите се исто така зголемени, од 4 милијарди долари во 2019 година, до 5.7 милијарди во 2020.  

“Порастот во првата четвртина се должи на фокусот на нашиот тим да ги заштити своите вработени, да ги поддржи нашите партнери во ланецот на достава, и да им го овозможи на нашите корисници она што го бараат во текот на овој тежок предизвик. Улогата која ја игра технологијата во светот е можеби и попотребна од било кога во моментов, и нашата можност да ги збогатиме животите и да им овозможиме успех на нашите потрошувачи никогаш не била поважна. Водени од нашите културни вредности, компетитивни предности и финансиска сила, уверен сум дека од ваквата ситуација ќе излеземе како уште посилна компанија”, вели Bob Swan, извршниот директор на Intel, во прес изјава за примањата.

Доколку ги разгледаме работите малку подетално, порастот кај персоналните компјутери е 14 проценти. Од Intel велат дека успешно одржале над 90 проценти навремена достава и производството не е воопшто успорено, и покрај предизвиците од COVID-19. Порастот кај персоналните компјутери се должи на зголемената побарувачка за компоненти во првата четвртина од годината.

Се очекува приходите во наредната четвртина да се малку пониски, со што вредноста на акциите на пазарот нема да одат значително нагоре. Компанијата вели дека вредноста се очекува да биде околу 18.5 милијарди долари, додека аналитичарите велат дека истата ќе изнесува околу 17.97 милијарди долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје Виена Иншуренс Груп

Оглас за вработување на ORACLE DBA

види ги сите огласи на kariera.it.mk