Femina.mk, сајтот за се што е женско и еден од најголемите женски форуми во Македонија, е прогласен за сајт на годината на вторите по ред награди „Веб сајт на годината 2011“.
Натпреварот помина како што треба, многу подобро од лани, и се надеваме дека ќе станат традиционални ИТ награди кои ќе мотивираат и инспирираат иновација на македонскиот сајбер простор.
Сите сајтови беа пријавувани од корисниците, дел додадени од жирито, а гласовите беа распределени во сооднос 40 отсто од корисниците, а 60% од жирито.
Подолу се сите победници во осум категории:
- Најдобар веб сајт – Femina.mk
- Најпопуларен сајт (од публика) – Motika.com
- Најдобар забавен сајт – Crnobelo.com
- Најиновативен сајт – Kajgana.com
- Најдобар информативен сајт – Time.mk
- Најдобар бизнис/корпоративен сајт – T-mobile.mk
- Најдобар сајт за е-трговија – Kupikartizase.com
- Најдобар блог – Marketing365.blog.mk
- Најдобар форум – forum.kajgana.com
Честитки до победниците! :)
Настанот „Веб сајт на годината 2011“ е организиран од Media Solutions, под покровителствaо на Претседателот на Република Македонија и Словачката амбасада во Македонија.
Коментари
12 коментари
Коментарите се затворени.