Што твитавте овој ден лани? Можеби направивте нешто навистина интересно, а не се сеќаватe. Можеби ќе помогне ако знаете каде бевте на овој ден пред една година. Не се сеќавате? Нема проблем. Timehop е сервос кој ќе ги ископа вашите твитови, Foursquare чекирања, Facebook постови и Instagram фотографии.
Колку што е едноставен за користење, толку сервисот е и забавен. Нема ништо пооткачено да прегледувате постови од пред една година на кои не се сеќавате. На Timehop се логирате со Facebook профил, и ги поврзувате Twitter, Fourquare и Instagram профилот. Сервисот потоа ќе ви праќа имејл секое утро доколку имате лански постови на тој ден.
Facebook моментално со Timeline овозможи да се прегледуваат сите изминати постови од отварање на профил, но кај Twitter е неверојатно тешко да ги откопате старите твитови, пример, да најдете корисен линк што сте го твитнале некогаш, а сте заборавиле да го одбележите како омилен и да го зачувате.
Тоа што е поинтересно од твитовите се чекирањата на Foursquare и сликите од Instagram. Можеби кога ќе се потсетите на кое место сте биле лани на овој ден, или кога ќе видите стара слика, ќе посакате да отидете таму повторно.
„Кога им го покажавме на луѓето тие беа ‘Ок, тоа е имејл кој кажува што сме правеле лани’, но потоа кога ќе се разбудеа и ќе видае имејл во инбоксот, тогаш имаа носталгични емоционални искуства. Потоа тие твитаа и зборува за тоа, а ние собравме илјадници корисници за кратко време“, вела основачите Бени Вонг и Џoнатан Вегенер кои сервисот го направиле за време на Foursqure Hackaton, за Mashable.







