„Земајќи ја предвид минималната финансиска поддршка која ја добиваме од бизнис заедницата за организација на циклусот натпревари и подготовките за интернационалните натпревари, овој резултат претставува вистински подвиг.“ вели претседателот на Здружението на информатичари на Македонија, Миле Јованов.
„Македонскиот тим е формиран после целогодишен циклус на натпревари. Македонските натпревари се организирани од страна на Здружението на информатичари на Македонија, веќе 21 година по ред, а се финансирани преку донации и спонзорства. За жал, значителен дел од средствата за патувањето во Канада мораа да бидат покриени лично од учесниците.“
На IOI 2010 Македонија ја претставуваа средношколците Предраг Груевски, Христијан Богоевски, Младен Димовски и Јован Крајевски, и нивните ментори Миле Јованов и Емил Станков.

Знаев дека оваа година ќе биде посебна – цело време овие деца (заедно со другите кои учествуваа на натпреварите организирани од Здружението на Информатичари) работеа напорно за да на крај успехот не изостане иако како и секогаш проблем беа финансиите за патувањето … Ајде ИТ заедницо земи ивестирај во овие идни ИТ професионалци …
Детето е од Битола, гимназијата е во Скопје, а во званичната табела со резултатите стои "Macedonia"
tnx, go popraviv tekstot
kaj ima vo bitola jaha kemal ? deteto e od bitola ili ?
Честитки за младите програмери. Тие го најдобрите амбасадори на Македонија во светот.
Секој од нас знае колку труд, пот, седење и учење е потребно за да се стане добар програмер.
На следниот УО на ИКТ комората ќе предложам да им се додели државна стипендија, и да се третираат исто како и нашите врвни спортисти — само што се ова наши врвни умови…
се согласувам!
The 22nd International Olympiad in Informatics will be held August 14-21, 2010
at the University of Waterloo:
http://www.ioi2010.org/index.shtml
Да ти е мерак да го знаеш дечково xD